229
ПСЖ и Лео Меси
начелно се договориле и останува уште адвокатите да го состават договорот, ова
вечерва го пренесе Ле Паризиен. Весникот исто така додава дека „светците“ веќе
ги известиле играчите и вработените во клубот дека Аргентинецот пристигнува на „Паркот
на принцовите“.
Лео Меси утре на
прес конференција ќе објасни зошто заминува од Барселона, а според Ле Паризиен,
напаѓачот нема да го открие името на новиот клуб бидејќи „не е време и место“.
Платата на Лео
Меси во Париз ќе се движи помеѓу 35 и 40 милиони евра, во следните 48 часа
треба да се испеглаат сите детали и Аргентинецот да биде промовиран на 10. август,
Ајфеловата кула ќе биде обоена во чест на напаѓачот.