ПСЖ со пресврт го победи Лил, Меси играше само во првото полувреме (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На овој меч не играше Мбапе поради болест, па Покетино во стартната напаѓачка тројка ги стави Меси, Нејмар и Ди Марија.

Резултатот го отвори Лил кога во 31. минута по асистенција од Јилмаз, Давид постигна гол за водство од 1-0.

На полувремето во соблекувалната остана Меси. Се ушт не се знае дали поради повреда или тренерска одлука.

Во 74. минута, Ди Марија асистираше до Маркињос кој се најде на вистинското место и погоди за 1-1.

А во 88. минута самиото Ди Марија даде гол за комплетен пресврт и победа од 2-1 на ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани