ПСЖ со нова тактика ќе го убедува Мбапе да не оди во Реал, му нудат да стане најплатен фудбалер во светот

by
1 минути читање

Килијан Мбапе ги
одработува последните 12 месеци од договорот со ПСЖ, често се пишува дека нема
намера да ја продолжи верноста и само прашање на време е кога ќе замине од
Париз.

Реал се посочува
како неговата следна дестинација, но „светците“ нема лесно да се откажат и со
нова тактика ќе го убедуваат Французинот да не оди во Реал.

Новинарот Николо
Шира вели дека првиот човек на клубот, Ал Келаифи и спортскиот директор, Леонардо на маса ставиле плата од 32 милиони евра по сезона и договор до 2026
година.

Со ваква бројка,
Килијан Мбапе ќе биде најплатен фудбалер во светот. Тронот до пред неколку
недели му припаѓаше на Лео Меси, кој добиваше 50+ милиони евра од Барселона.
Аргентинецот сега прифати двојно помали примања за да продолжи на Камп Ноу.

Кристијано
Роналдо во моментов е на врвот со 31 милион евра по сезона, додека на второто
место е Нејмар, кој прифати помала плата кога го продолжи договорот со ПСЖ во мај месец, и во иднина ќе инкасира 30 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×