159
ПСЖ го состави тимот за оваа сезона, дојдоа Меси, Рамос, Донарума, Вајналдум и Хакими, а утринава стигна информација и дека е решена иднината на Мбапе, тој сигурно биде во тимот, ќе го одработи договорот до крај, по што ќе си замине.
Сега ПСЖ планира да продаде пет фудбалери, според „Ле Перизиен“ на листата за продажба се Курзава, Керер, Рафиња, Сарабија и Дракслер.
Се верува дека веќе има заинтересирани купувачи за сите овие фудбалери, ПСЖ нема да бара неразумни суми за нив бидејќи важно им е да ја намалат и ставката за плати, па се очекува да нема проблеми при продажбата.