ПСЖ летово одби три понуди од Реал Мадрид за Мбапе, од 160, 180 и 200 милиони евра. Тоа се огромни понуди за фудбалер на кој договорот му истекува по крајот на сезоната. Но францускиот клуб одби.
Реал Мадрид веќе во јануари ќе може официјално да преговара со Мбапе, да потпише претдоговор и тој следното лето да отиде таму како слободен играч. Нешто што е многу извесно дека ќе се случи.
„Од Мадрид демантираат, но мислам дека Реал Мадрид веќе долго време се обидува да го ангажира Мбапе како слободен играч. Тие веќе две години јавно зборуваат за Мбапе. Ова мора да биде казнето“, вели Леонардо.
„Не гледам никаква почит од Реал Мадрид за договорот на Реал Мадрид. Тој не е обичен фудбалер, тој е еден од најдобрите во светот. Тренерот, бордот, фудбалерите на Реал Мадрид зборуваат за Мбапе… мислам дека тоа е дел од планот“.
„Нашиот план е да го продолжиме договорот на Килијан Мбапе. Ништо не се променило во нашите планови. Никогаш не сме ја планирале иднината на ПСЖ без Мбапе“.