ПСЖ се раздели со Тухел, му посака се најдобро во иднина и му исплати 6 милиони евра

by
1 минути читање

Минатата недела,
Билд објави дека Томас Тухел добил отказ по победата над Стразбур, вест која
брзо ја потврдија уште неколку извори. „Светците“ потоа неколку дена ги пеглаа
условите под кои ќе се раздели со Германецот, па официјалното соопштение
пристигна дури денеска.

„По направената
анализа на спортската ситуација, ПСЖ одлучи да го прекине договорот на Томас
Тухел“
– гласеше известувањето.

Првиот човек на
клубот, Насер Ал Келаифи рече: „Би сакал да му се заблагодарам на Томас Тухел и
неговиот персонал за работата и доприносот кој го дадоа. Томас вложи многу труд
и пасија во оваа работа, па нема да ги заборавиме убавите момети кои ги поминавме
заедно. Му посакувам се најдобро во иднина“
.

За тоа што нема да го дочека крајот на сезоната и предвреме
ја заврши авантурата во Париз, Томас Тухел ќе добие обесштетување од 6 милиони
евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×