ПСЖ се огласи по најавите дека Мбапе го пропушта реваншот против Реал Мадрид

by
1 минути читање

ПСЖ во среда
гостува на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе брани предност од еден гол,
но „светците“ денеска се соочија со мали проблеми.

Килијан Мбапе,
кој го реши првиот натпревар, се повредил на денешниот тренинг и се шпекулираше
дека ќе го пропушти реваншот против Реал Мадрид.

Попладнево ПСЖ се
огласи со официјално соопштение, клубот од Париз потврди дека Килијан Мбапе
добил удар во стапалото, но резултатите од тестовите се ветувачки.

Нови тестови ќе
бидат направени во следните 24 часа по што ќе се има појасна слика, но медиумите
уште сега пишуваат дека Килијан Мбапе ќе настапи против Реал Мадрид и тоа
веројатно уште од првата минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×