ПСЖ сака да го замени Мбапе со Халанд, Рајола ги шокирал со барањето за плата од 50 милиони евра

by
1 минути читање

Килијан Мбапе ја
одработува последната година од договорот со ПСЖ, се верува дека нема да ја
продолжи верноста и беспари ќе се пресели во Реал Мадрид.

Раководството на
„светците“ веќе кројат планови при едно вакво сценарио и го идентификувале Ерлинг
Халанд како наследник на Килијан Мбапе.

Газета дело Спорт
пренесува дека спортскиот директор Леонардо стапил во контакт со Мино Рајола и
се распрашувал за услугите на Норвежанецот, но останал шокиран кога
контроверзниот агент го известил дека на маса треба да стави 50 милиони евра
годишна плата.

Мино Рајола се
правдал дека поради откупната клаузула во договорот на Ерлинг Халанд (75
милиони евра), ПСЖ ќе плати далеку помалку од тоа што реално вреди напаѓачот на
трансфер пазарот, па и со плата од 50 милиони евра годишно, трошоците на целокупната
зделка нема да бидат толку големи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани