На италијанскиот
прволигаш Милан му оди тешко во обидите да се договори со Франк Кеси за
продолжување на соработката, и покрај претходните уверувања од неговиот агент
дека договор ќе се случи.
Работите на оваа
тема не одат во позитивен правец за „Росонерите“, а според известувањата на „Газета
дело Спорт“, иако од Милан на фудбалерот му понудиле годишна плата од 6.5
милиони евра, тој наводно бара 8 милиони евра во новиот договор.
Истовремено,
весникот додава дека ПСЖ е клубот кој има намера да се израмни со
бараната сума на 24 годишниот Кеси чиј договор со „Росонерите“ истекува идното
лето, а спортскиот директор Леонардо сега има нова мисија.
Се верува дека
Парижаните имаат во план да додадат и 2 милиони евра во бонуси исто така, а
сето тоа ги отежнува намерите на Милан да се договорат со фудбалерот.
Franck Kessie's contract situation at Milan is complicating further as PSG are looking to meet his contract demands, claim La Gazzetta dello Sport today.https://t.co/xvwXKjb1EJ
— Get Italian Football News (@_GIFN) September 6, 2021