ПСЖ притиска, но Меси не се брза, се уште ја разгледува понудата

by
1 минути читање

Додека сите во Париз го чекаат доаѓањето на Меси, тој е во својот дом во Барселона и се уште одлучува што понатаму.

Во неделата на Меси му беше презентирана формална понуда од ПСЖ, но „Марка“ тврди дека тој се уште не едонел конечна одлука, сепак и тие сметаат дека францускиот гигант ќе биде неговата следна дестинација.

За разлика од „Марка“, братот на газдата на ПСЖ, шеикот Хамад бин Калифа Ал-Тани тврди дека се е договорено.

„Информациите дека Меси преговара и со друг клубови не се точни. Се е договорено со ПСЖ и тој ќе пристигне во Париз во наредните 72 часа“, вели Ал Тани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×