144
ПСЖ и Манчестер
Сити беа клубовите кои се посочуваа како идна дестинација доколку Лео Меси
одлучи да замине од Камп Ноу. Сепак, денешното издание на Ле Паризен вели дека „светците“
се откажале од сонот да го донесат Аргентинецот во своите редови.
Една од причините
за ваквата одлука е намерата на Лео Меси да продолжи со Барселона, ПСЖ верува
дека фудбалерот веќе донел одлука и само прашање на време е кога ќе пристигне
официјална потврда за нова двегодишна соработка.
Втора причина се
финансиите, доколку Килијан Мбапе не замине од Париз (во моментов нема никаков
абер за негов трансфер), ќе биде прилично комплексно да се вметне и платата на
Лео Меси во буџетот.