ПСЖ покажа дека е подобар од Манчестер јунајтед, голем триумф на Олд Трафорд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ПСЖ си оди со голем триумф од Манчестер, парискиот клуб одигра зрело, подобро од англискиот противник и сосема заслужено дојде до победата.

Во првиот дел немаше многу шанси, една одлична прилика имаше Мбапе и тоа беше се од фудбалски аспект, другото беше груба игра и картони и на двете страни.

Во вториот дел ПСЖ покажа дека е поквалитетен противник, Манчестер јунајтед тешко се носеше со францускиот гигант.

Во 53. минута по асистенција на Ди Марија, Кимбапе се најде осамен во шеснаесетникот на Манчестер јунајтед постигна гол за водство на ПСЖ од 1-0.

Само седум минути подоцна нова асистенција на Ди Марија, овој пат до Мбапе кој ги постави конечните 2-0 за ПСЖ.

Нападот на Манчестер јунајтед имаше очајна претстава, речиси и да не создаде посериозна шанса за да го загрози голот на Буфон.

Во финишот од мечот Пол Погба доби втор жолт картон, Манчестер јунајтед заврши со десет фудбалери. Тоа ќе биде дополнителен хендикеп за Јунајтед во реваншот.

Во вториот натпревар од осминафиналето кој се одигра вечерва, Рома со 2-1 го победи Порто и тука головите беа постигнати во второто полувреме.

Сите три гола беа постигнати во девет минути. Заниоло погоди во 70. и 76. минута за водство од 2-0 на Рома, Адриан во 79. го постигна голот за Порто.

Утре играат Ајакс – Реал Мадрид и Тотнем – Борусија Дортмунд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани