Поранешниот
тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се чини дека е пред враќање во својата
тренерска кариера по паузата, а францускиот фудбалски стратег е без ангажман по
заминувањето од клупата на „Кралевите“ ланската сезона.
По неколку
години, Зидан одлучи да се повлече и одмори, а воедно да биде и поблиску до
своето семејство, но, како што известува „Фут Меркато“, се вели дека ПСЖ е
подготвен добро да го одврзе ќесето за да го добие потписот на популарниот „Зизу“.
Како што е познато,
за актуелниот тренер на Парижаните, Маурицио Покетино постои сериозен интерес
од Премиерлигата, а најмногу од Манчестер јунајтед, па се верува дека на лето
Аргентинецот ќе се пресели на „Олд Трафорд“, а тоа ја отвора можноста за
договор помеѓу ПСЖ и Зидан.
„Фут Меркато“
наведува дека ПСЖ е подготвен на Зидан да му понуди дури четири милиони евра
повисока плата по сезона од таа што моментално ја заработува Покетино, кој
инаку има годишна плата од 12 милиони евра.