237
ПСЖ му понудил на
Килијан Мбапе договор со кој ќе го направи најплатениот фудбалер во светот, со
тоа што клубот од француската престолнина прави максимални напори да го задржи
во сопствените редови.
Актуелниот
договор на 23 годишниот фудбалер истекува на лето, а во моментов е слободен во
можноста да преговара со заинтересираните клубови за неговиот потпис, се верува
дека Реал Мадрид особено е заинтересиран за тоа.
„Индипендент“
наведува дека ПСЖ е подготвен да го направи Мбапе најплатениот фудбалер во
светот со тоа што му нуди неделна плата близу 1.2 милион евра, понуда на која
Реал Мадрид едноставно не може да парира.