159
Изминатата недела помина во знакот на вестите за нетрпеливоста меѓу Килијан Мбапе и дел од неговите соиграчи, пред се на Нејмар. Но, на денешниот натпревар против Лил немаше ништо од тоа, на теренот функционираа беспрекорно.
Мечот почна со гол на Мбапе уште во осмата секунда од натпреварот, Меси беше асистент за тој погодок.
До крајот на мечот Мбапе даде уште два гола, а и двата беа по асистенција од Нејмар.
Нејмар постигна два гола, по еден дадоа Меси и Хакими.