86
Дебито на Рамос во ПСЖ постојано се одложува, шпанскиот дефанзивец има проблеми со повреда поради која никако не може да се стави во натпреварувачки погон.
Францускиот весник „Ла Парисиен“ пишува дека ПСЖ се повеќе ја разгледува можноста за раскин на договорот со Серхио Рамос.
На тој начин тие би ја признале грешката за ангажман на Рамос кој доби двегодишен договор и покрај возраста и повредата.
Не се исклучува можноста работите наскоро да се променат, Рамос да почне да тренира со остатокот од тимот, а потоа и да дебитира и да почне да настапува регуларно, но засега тоа никако да се случи.
ПСЖ ќе почека уште некое време, а потоа ќе одлучува што понатаму со Рамос.