ПСЖ ќе го позајми Донарума во Серија А, но не во Милан

by
1 минути читање

Францускиот
медиум додава дека Донарума ќе потпише петгодишен договор со францускиот
вицепрвак вреден 60 милиони евра, вклучително и бонуси во истиот.

Весникот
известува дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо не сака да ја пропушти
приликата да го договори еден од најдобрите голмани во моментов, и тоа како
слободен играч на трансфер пазарот.

Донарума во
голема мера му помогна на Милан да се врати во Лигата на шампионите, меѓутоа
неговиот договор со „Росонерите“ истекува овој месец, а откако стана јасно дека
нема да дојде до продолжување на соработката, клубот од Милано го ангажираше
Мајк Мењан од Лил.

Се верува дека
Кејлор Навас и натаму ќе остане прва опција на голот на ПСЖ, а „Л
Екип“ подвлекува дека за да се избегнат
проблеми на таа тема, на Донарума ќе му биде дозволено да замине на позајмица,
а се споменува Рома како заинтересиран клуб под кормилото на Жозе Мурињо, за
што денеска се шпекулираше дека кај Римјаните навондо прва опција за таа
позиција е Руи Патрисио од Вулверхемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×