Најавите на
медиумите од изминативе денови се реализираа, ПСЖ и Интер го официјализираа трансферот
на Мауро Икарди.
„Светците“ до 31.
мај имаа опција да го купат Аргентинецот за 70 милиони евра, но поради кризата
од пандемијата на коронавирусот, побараа попуст. „Нероаѕурите“ одговорија позитивно,
оваа недела беа испеглани сите детали, па попладнево пристигнаа соопштенијата
од Париз и Милано.
„ПСЖ е задоволен
што може да соопшти дека ја искористи опцијата да го купи Мауро Икарди,
Аргентинецот стави потпис на договор до 30. јуни 2024 година“ – гласеше известувањето
на „светците“.
Клубовите не
открија детали, а медиумите се поделени околу висината на зделката. Во Франција
се шпекулира дека се работи за трансфер од 50 милиони евра, плус додатни 5
милиони во бонуси.
Во Италија пак се
пишува за трансфер од 50 милиони евра, плус додатни 8 милиони евра во бонуси.
Медиумите од „чизмата“ исто така пренесуваат дека Интер обезбедил клаузула со
која ќе добие дополнителни 15 милиони евра доколку Мауро Икарди во следните 12
месеци се врати во Серија А.
Јувентус и Наполи
пројавуваа сериозен интерес, но Интер не сакаше да засили директен ривал.