Барселона и Осман
Дембеле неодамна ги обновија преговорите за продолжување на соработката, но
плановите на „каталонците“ да го задржат Французинот им ги мати ПСЖ.
Како што
пренесува Тони Хуанмарти, „светците“ на Осман Дембеле му понудиле годишна нето
плата од 17 милиони евра, плус богат бонус за потпис.
Новинарот исто
така објаснува дека Осман Дембеле сака да остане на Камп Ноу, свесен е дека
Барса не може да ја изедначи понудата на ПСЖ, но сака „каталонците“ да го
зголемат предлогот и да ја намалат разликата.
Во следниот
период, раководството на Барса ќе направи пресметки и ќе одлучи која ќе биде
финалната понуда до Осман Дембеле.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.