„РМЦ“ известува
дека ПСЖ ги интензивирал преговорите за ангажман на Ашраф Хакими од Интер, со
тоа што наводно е мошне близу до договор за ангажман на мароканскиот десен бек.
Се верува дека во
ПСЖ постои добро расположение на темата со Хакими, за кого ќе бидат издвоени 70
милиони евра, а дополнително ќе има и бонуси.
Истиот медиум
додава и дека самиот Хакими го преферира ПСЖ наместо Челси, кој исто така е
заинтересиран за неговиот потпис.
Од друга страна
пак, францускиот гигант наводно има и првични контакти со Пол Погба, тој
наводно одлучил да не стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед, за што
тврди „РМЦ“.
Францускиот
весник додава дека агентот на фудбалерот, контроверзниот Мино Рајола пред
неколку дена во Ница имал средба со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, а во
Манчестер јунајтед се надеваат дека на една година до крајот на договорот на
Погба би добиле околу 80 милиони евра обештетување.
Кога сме веќе кај
ПСЖ, „РМЦ“ пренесе и за Серхио Рамос кој веќе си замина од Реал Мадрид, а за
искусниот Шпанец се верува дека има превисоки барања во преговорите со
челниците на францускиот клуб.
ПСЖ наводно нема
да се врати во преговорите со 35 годишниот фудбалер се’ додека
тој не го намали барањето за цели 12 милиони евра годишна плата, а се сомневаат
и во неговата физичка подготвеност.