169
Најдобриот португалски голман, Руи Патрисио ќе биде првото големо засилување за Жозе Мурињо во Рома.
Според новинарот Џанлука Ди Марцо, двата клуба си подале рака, остануваат само уште детали за договорот да биде финализиран.
Се верува дека до крајот на оваа недела или најдоцна до следната, Руи Патрисио ќе биде промовиран во ново засилување на Рома.
Досегашниот голман на Рома, Пау Лопез утре ќе има медицински тестови со Марсеј и таму ќе ја продолжи кариерата.