Се уште не е извесна
ситуацијата со нашиот 18 годишен суперталентиран фудбалер Елиф Елмас кој
почнувајќи од овој месец може да настапува на официјални натпревари за турскиот
гигант Фенербахче, откако се појавија низа компликации со регистрацијата во
летниот преоден рок, иако тимот од Истанбул правеше максимални напори да успее
во таа битка.
Сега, кога може да го
има во својот состав, Фенербахче се двоуми дали со Елмас да ја затвори листата
на странски фудбалери во својот тим за вториот дел од сезоната во тамошната
Суперлига.
Одредени медиуми во
Турција пишуваат дека своја улога во убедувањето до Фенербахче да го пушти
младиот Елмас барем на позајмица, доколку истиот не е во преден план кај Ајкут
Кочаман, имал и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо
Ѓорѓиоски.
„Во случајот со Елмас
вклучена е и Фудбалската федерација на Македонија. Челниците од Македонија
постојано бараат информации од Фенербахче, а Илчо Ѓорѓиоски, кој играше во
Денизлиспор, а сега е претседател на ФФМ, ги контактирал челниците на
Фенербахче и им испратил порака ‘Пратете го на заем, доколку не е во вашите планови’“пишува „Аспор“.
Како за потсетување,
пред извесен период одредени турски медиуми објавија дека Генчербирлиги се
споменува како потенцијален клуб каде нашиот Елмас ќе го одигра вториот дел од
сезоната во турската Суперлига, токму во тимот кој грчевито до крајот ќе се
бори за опстанок во елитното друштво.
Извор: aspor.com.tr