Првиот човек на Кристал Палас: Ова беше обид да се украде фудбалот

by
1 минути читање

Сопственикот на
англискиот прволигаш Кристал Палас, Стив Периш подвлече дека идејата за Европската
Супер Лига била обид да се украде фудбалот, тој јасно наведе дека таа идеја
веќе подолг период се провлекува низ јавноста и дека претставува опасност за
целиот фудбал во генерална основа.

Од моментот кога
ја дознав веста за Суперлигата не почувствував изненадувачки ефект, бидејќи ние
живееме со сево ова одвнатре во фудбалот долг период, впрочем од самото мое
првично учество во фудбалот, откако сум инволвиран во овој спорт луѓето
постојано говореа на оваа тема
“ рече Периш.

Ова е закана
која подолг период е присутна во фудбалот, закана која ќе се оствари доколку не
зацртаме црвена линија преку која никој нема да може, и повеќе од јасно се
укажуваше на тоа дека доколку ние нема да ги прифатиме нивните позиции во
фудбалот, кои требало да бидат над сите, во тој случај ќе им биде потребно
специјално и посебно натпреварување во кое нема да има место за сите
“ додаде
тој.

Да бидеме
реални, сево ова беше обид за кражба, обид да се украде фудбалот, а тоа што се
случи на крајот беше фасцинантно, фасцинантни беа навивачите, фудбалерите,
стручните штабови кои навестија битка до крајот
“ заклучи Периш кој подвлече и
дека има омилен транспарент од протестот на навивачите на Челси, кој гласеше „Ги
посакуваме оние дождливи и ладни ноќи во Стоук“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×