Првиот човек на Гезтепе: За Јаховиќ имаме големи планови, а доколку некој го посакува, нека се обрати кај мене

by
1 минути читање

Мехмет Сепил, првиот
човек на турскиот Суперлигаш Гезтепе, за време на подготовките на тимот во
Анталија повторно се осврна на неговиот најдобар фудбалер во тимот, нашиот 30
годишен интернационалец Адис Јаховиќ за кого има голем интерес.

Доколку има
заинтересирани за мојот фудбалер, подготвен сум за разговори, ние нема да
дозволиме да направиме грешка за нашиот најдобар фудбалер
“ рече Сепил за
Јаховиќ чиј актуелен важечки договор со клубот од Измир истекува идното лето.

Како клуб размислуваме
на договор на подолг рок, ние сме балансиран тим бидејќи сме успешни, имаме
балансирани трансфери. Не сакам ова да го срушам, во тоа бев доста успешен
изминатите години, засега, никој не ме прашал за Јаховиќ
“ додаде Сепил.

Извор: yenisafak.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани