Првиот човек на Фиорентина „распали“ по Влаховиќ и агентите: Сакаа да нѐ уништат, да се збогатат на наш грб!

by
1 минути читање

По многу шпекулации, Душан Влаховиќ минатата недела се пресели во Јувентус за 80 милиони евра, трансфер рекорд кога е во прашање зимскиот преоден рок во Серија А.

Првиот човек на Фиорентина, Роко Комисo сега реши да „распали“ по Србинот и неговите агенти.

„Кога се видов последниот пат со Душан Влаховиќ, не ми кажа ниту здраво“ – вели бизнисменот од САД.

„На крајот од ноември, се вратив во Фиренца со намера да го продолжам неговиот договор, но неговите агенти се лажговци и нечесни луѓе. Имавме позитивни разговорив, очекував да добијам потврден одговор, но наместо тоа, бев пријатно изненаден кога тие побараа двојно поголема плата (понудата на Фиорентина била 4 милиони евра по сезона, агентите побарале плата од 8 милиони евра по сезона). Бараа и голема провизија, плус ексклузивно право на следниот трансфер“.

Кога станало јасно дека Душан Влаховиќ нема да го продолжи договорот, биле отворени преговори за трансфер.

„Неколку пати преговаравме со клубови од Англија, но секогаш кога ќе пристигнеше понуда, Влаховиќ и неговите агенти ја одбиваа. На сите ни беше јасно дека веќе се имаа договорено со некој друг. Сакаа во целост да го одработат договорот и да ја уништат Фиорентина. Сакаа да се збогатат на наш грб“.

„Па би рекол дека трансферот во Јувентус е повеќе од добра зделка за нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×