Првиот човек на Атлетико: Секако дека плативме за трансферот на Суарез… го плативме билетот за воз!

by
1 минути читање

Барселона минатото лето реши да се ослободи од Луис Суарез и му даде одврзани раце да потпише за Атлетико Мадрид. Уругваецот имаше одлична сезона на „Ванда Метрополитано“ и со 21 погодок ги предводеше „кочонероси“ до титула во Ла Лига.

Низ медиумите имаше гласини дека „колчонероси“ сепак ќе платат нешто за трансферот (5 милиони ерва, плус додатни 6 милиони во бонуси), па во емисијата „Ел Ларгеро“ на Кадена СЕР, првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо беше запрашан за повеќе детали.

„Видете, се работи за зделка која им одговораше на сите страни, Атлетико беше среќен, Суарез беше среќен и Барса беше среќна“ – вели Енрике Серезо.

Кога новинарот го праша дали се работело за голема сума, првиот човек на Атлетико со насмевка на лицето рече: „Плативме нешто… го плативме билетот за воз!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×