148
Златан
Ибрахимовиќ со два гола синоќа го предводеше Милан до прва победа на „Сан Паоло“
по 10 години. Напаѓачот сепак предвреме го заврши мечот откако се пожали на
болки во левата нога.
Медиумите од
Италија сега пренесуваат дека се работи за повреда на задната ложа и напаѓачот
ќе паузира најмалку десет дена, кога ќе бидат направени нови тестови, по што ќе се знае дали ќе следи дополнителна пауза или ќе може да се врати на терените.
Ова значи дека
Швеѓанецот ќе ги пропушти дуелите со Лил и Селтик во Лига Европа како и
пресметката со Фиорентина во Серија А.