Англискиот голгетер Хари Кејн би можел да биде во центарот на едно од најголемите трансфер изненадувања следното лето, откако се појавија информации дека неговата авантура во Баерн Минхен може да заврши порано од очекуваното.
Според тврдењата на новинарот Кристијан Фалк, сериозен интерес за услугите на напаѓачот покажал ПСЖ, кој е подготвен да тргне по неговиот потпис во летниот преоден рок.
Кејн има фантастична сезона во дресот на баварскиот гигант и е главен адут во офанзивата, но неизвесноста околу неговата иднина веќе почнува да се наметнува како тема во европските медиуми. Одлуката за следниот чекор во кариерата треба да ја донесе по крајот на сезоната.
Бројките само ја потврдуваат неговата доминација. Во тековната кампања настапи на 47 натпревари, при што постигна 54 голови и додаде седум асистенции, учинок кој го става меѓу најдобрите напаѓачи во Европа.