Ерик тен Хаг го
означи Рубен Невеш од Вулверхемптон како приоритетен на листата за засилувања
доколку добие зелено светло да го преземе кормилото на Манчестер јунајтед,
известуваат на Островот.
Тренерот на Ајакс
е еден од посериозните кандидати за кормилото на „Црвените ѓаволи“, а веќе
остварил и разговори со челниците на клубот од „Олд Трафорд“, со тоа што
Холанѓанецот веќе ги крои плановите.
На Островот
наведуваат дека Тен Хаг има петгодишен проект со кој ќе се обиде да го врати
Манчестер јунајтед на старите патеки, а што се однесува пак до Невеш, него го
следи под будно око уште во периодот кога плејмејкерот играше за Порто.
Тен Хаг долго
време е љубител на играта на Невеш, чиј договор со Вулверхемптон истекува за
две години.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.