Прва селкторска победа на Анчелоти, Бразил се пласираше на СП (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Бразил со 1-0 го совлада Парагвај и на две кола до крајот на квалификациите во Јужна Америка се пласираше на Светското првенство, ова беше прва победа за нив под водство на Карло Анчелоти.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Винисиус во финишот од првото полувреме.

На две кола до крајот Бразил има седум бода предност пред Венецуела која се наоѓа на позиција која води во баражот. Тоа значи дека кариоките се пласирани на Мундијалот.

Дербито меѓу Аргентина и Колумбија заврши нерешено 1-1.

Луис Диаз постигна прекрасен гол во 24. минута за водство на Колумбија од 1-0.

Работите за Аргентина станаа посложени во 70. минута кога Енцо Фернандез доби црвен картон. Но, и покрај тоа со гол на Алмада десет минути подоцна избегнаа пораз.

Уругвај со 2-0 ја победи Венецуела, со овој триумф и тие обезбедија место на СП иако тоа не е теоретски, но невозможно е да бидат престигнати поради огромната разлика во гол разликата.

Боливија со 2-0 го победи Чиле. Немаше голови на мечот меѓу Перу и Еквадор

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани