97
Прв неуспех за
Оле Гунар Солшер оваа сезона, Манчестер јунајтед испадна рано од конкуренција
за трофејот во Лига Купот. Вечерва, „ѓаволите“ беа елиминирани уште во третото
коло откако загубија од Вест Хем со 0-1.
Стрелец на
единствениот погодок на меот беше Ланцини, фудбалерот од Аргентина доби топка
на 11 метри и прецизно биеше по земја за 0-1.
Манчестер
јунајтед потоа притискаше за изедначување, го имаше поседот на топката, имаше
дури 27 обиди кон противничкиот гол, но не успеа да ја затресе мрежата.
За Вест Хем ова
беше прва победа на Олд Трафорд по 14 години, а и прва за Дејвид Мојс против Манчестер
јунајтед по отказот кој го доби во 2014.