Проштална порака до Рајола: Често се каравме, но никогаш нема да заборавам што направи за мене, неверојатен гест

by
1 минути читање

Мино Рајола синоќа почина, па фудбалскиот свет се простува со агентот кој важеше за еден од најдобрите. Италијанецот правеше се за своите клиенти па често не беше омилен кај директорите.

Валтар Сабатини, кој сега е спортски директор на Салернитана, откри каков гест направи за него Мино Рајола. И покрај тоа што двајцата често се карале, кога му било најтешко, агентот понудил помош.

„Мино, да беше жив сигурно немаше да ми дозволиш да го кажам ова, ќе креираше некоја контроверзија како што често правеше“ – напиша Валтер Сабатини.

„Се каравме многу, но Мино, никогаш нема да го заборавам моментов кога бев тешко болен а ти и се јави на мојата сопруга и понуди да ме однесеш на лекување во САД и да платиш за третманот“.

„Неверојатен гест, за кој сакаше никој да не дознае. Ти благодарам Мино“.

Се претпоставува дека Валтер Сабатини говори за епизодата од 2018, кога цигарите си го направиле своето и му ги оштетиле белите дробови, па тој беше хоспитализиран во Рим со потешкотии при дишењето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×