Прослава во боите на големиот ривал: Досетлив навивач на Евертон ги измамил фановите на Ливерпул (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во вистински хит на социјалните мрежи се претвори потегот на досетлив навивач на Евертон, кој со малку креативност и многу трпение успеа да приреди мајтап за паметење на сметка на лутите ривали од Ливерпул.

Според објава што брзо се прошири на социјалните мрежи навивачот купил дури 10.000 сини факели и четири недели внимателно ги префарбувал етикетите во црвена боја за да им изгледаат „совршено“ за славеничката атмосфера на Ливерпул. Потоа, факелите им ги продал на навивачите на Ливерпул, кои, во еуфоријата по освојувањето на титулата, не забележале што навистина купуваат.

Така, додека трибините на „Енфилд“ синоќа блескаа во боите на прославата, дел од славениците не ни знаеа дека всушност користат факели во традиционалната сина боја на најголемиот градски ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани