Просинечки сепак останува селектор на Босна и Херцеговина

by
1 минути читање

Роберт Просинечки се предомисли, од федерацијата го убедиле да продолжи да ја води репрезентацијата на Босна и Херцегодина.

„БиХ се уште има шанса да се пласира на Европското првенство. Може и преку Лигата на нации. По мечот со Ерменија почувствував дека треба да дадам оставка. Невозможно е една таква селекција да не оди на ЕП. На крајот поради поддршката која ја добив ја променив одлуката. Работите се менуваат, така и мојата одлука. Најлесно ќе беше да побегнам и да кажам дека е готово“, изјави Просинечки.

Тој си поднесе оставка по поразот на гостувањето кај Ерменија од 4-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани