Пророштвото на Гвардиола за Инзаги и Интер се исполни, и тоа на најболен начин

by bojan
1 минути читање

Пеп Гвардиола пред две години изјави дека Пипо Инзаги и Интер ќе играат ново финале во Лигата на шампионите, неговото пророштво се исполни, и тоа на најболен начин – неговата Барселона беше елиминирана.

Кога Манчестер Сити го совлада Интер во финалето на Лигата на шампиони во 2023 година, Пеп Гвардиола испрати порака до Пипо Инзаги.

„Сакам да му кажам на Инзаги дека знам како се чувствува сега, и јас така се чувствував пред две години (кого Манчестер Сити изгуби во финале од Челси). Мора да мисли за себе дека е тренер на вториот најсилен тим во Европа, односно тренер на одличен тим. Сигурно ќе игра ново финале. Таков е спортот, понекогаш победувате, понекогаш губите…“ – рече Пеп Гвардиола во 2023 година.

Пророштвото на Шпанецот се исполни вчера, и тоа најболен начин – неговата Барселона беше елиминирана по спектакуларен меч во Милано со седум погодоци.

Пеп Гвардиола го фалеше Интер и минатата недела, по ремито од 3-3 на „Монжуик“: „Интер уште еднаш покажа, исто како и кога ги победивме во финалето, дека се извонреден тим: се бранат одлично, имаат страшна транзиција и одлична организација. Инзаги е неверојатен тренер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани