„Пропаднатиот трансфер во Интер и забарот ми ја вратија карирата на прав пат!“

by
1 минути читање

Леонардо
Спинацола на позајмица во Аталанта се промовираше како еден од подобрите бекови
во Серија А, Јувентус го врати во своите редови во сезоната 2018/19 но откако не успеа да се снајде
во дресот на „бјанконерите“, по само една сезона беше продаден на Рома.

Италијанецот не
се наметна ниту во редовите на „волчицата“ па во јануари требаше да се пресели
во Интер во замена за Матео Политано.

Сепак, зделката пропадна
во последен момент, „нероаѕурите“ не беа задоволни со физичката подготвеност на
играчот и неговата склонос кон повреди, Рома одби да ги промени условите од
договорот, па не дојде до трампа.

Леонардо Спинацола
оваа сезона игра како препороден и вели дека пропаднатиот трансфер во Интер
како и промената на забарот помогнале тој да си ја врати кариерата на прав пат.

„Веќе кажав дека
пропаднатиот трансфер ме мотивираше. Исто така променив неколку работи, го
променив забарот, правам вежби секој ден, работам на зацврстување на мускулите.
Понекогаш не сум ниту заморен по крајот на натпреварите, можам да играм фудбал и
повеќе од 90 минути“
– вели Спинацола.

Неговата изјава,
особено делот со промената на забарот, предизвика големо влијание. Новиот забaр
на Спинацола е др. Даниеле Пуцили, кој утвридил дека играчот пати од дентална
оклузија која му создава проблеми, односно повреди на мускулите. Па фудбалерот на Рома речиси
една година навечер и на тренинзите носи специјална протеза
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×