Промените во Пелистер започнаа со добро познато лице: Се врати Марјан Секуловски

by Стефан
0 минути читање

Екипата на Пелистер ја започна реорганизацијата по најавената промена во структурите на клубот.

Клубот денеска го именуваше Марјан Секуловски за нов координатор на школата на клубот и тој ќе го заземе местото на Златко Цветановски. Станува збор за поранешен фудбалер и тренер на нашиот клуб, познат по работната етика и професионалност.

Секуловски низ кариерата водеше клубови од Првата лига и странство во кои бележел и забележителни резултати. Сега ќе биде доверена комплетната реконструкција на школата на клубот.

Тој доаѓа на местото на Златко Цветановски кој претходно ја извршуваше оваа функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани