Променето правилото кое оваа сезона го подели фудбалскиот свет

by Стефан
1 минути читање

Меѓународниот борд на фудбалски федерации (IFAB) ја усвои промената на едно од најконтроверзните фудбалски правила во последната сезона, правило кое во изминатата сезона го подели фудбалскиот свет.

Контроверзниот случај се случи во четвртфиналето од Лигата на шампиони, кога фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, при изведување пенал, случајно ја допре топката двапати.

ИФАБ по завршувањето на сезоната одржа низа состаноци и ја донесе конечната одлука. Од јули 2025 година, доколку изведувачот на пенал случајно ја допре топката двапати, а ударот заврши со гол, пеналот мора да се повтори.

Според досегашните правила, судиите имаа слобода на толкување бидејќи овој момент не беше прецизно регулиран, иако имаше препорака дека „недосудување двоен допир е неправедно, бидејќи голманот може да биде изманипулиран од промената на траекторијата на топката“.

Во официјалното соопштение на ИФАБ се наведува:

„Ако изведувачот на пеналот ја шутне топката истовремено со двете нозе, или таа случајно го допре другото стопало веднаш по ударот и ако топката влезе во гол – ударот се повторува.“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани