Клубовите од
Премиерлигата веќе ја започнаа втората фаза од т.н. „Проект рестарт“ со кој се
предвидува продолжување на актуелната сезона, датумот веќе е познат за
јавноста, 17. јуни е денот кога фудбалот на Островот се враќа на програмата.
Меѓутоа, „Скај
Спортс“ пишува дека поголемиот дел од клубовите во долниот дел од табелата
притискаат сезонава да нема испаѓање поради пандемијата предизвиката од
коронавирусот која донесе голема криза во клубовите.
Се шпекулира дека
официјалните лица предложуваат едноставна формула (бод по меч, статистички) во
однос на бодирањето во случај да дојде до нов бран со случаи на коронавирус,
односно сезоната и дефинитивно да биде стопирана во една такво сценарио.
Во таква
ситуација, бодовите на екипите би се пресметувале во однос на одиграните
натпревари, сумирано со просекот на освоени бодови кои екипите ги обезбедиле од
натпреварите.
Еден сопственик
на клуб во Премиерлигата, анонимен, во изјава за „Скај Спортс“ јасно посочи за намерите
на неговиот клуб, но и десет други, како што и самиот тврди во однос на таа формула за пресметка на бодовите за краен исход на табелата.
„Ние ќе гласаме
за избегнување на испаѓање во случај сезоната да биде ограничена“ вели тој.
„Постојат околу
десет клубови кои го мислат истото“ додава анонимниот газда на клуб во
Премиерлигата.
Како и да е, од
ФА јавно ја отфрлија оваа можност, а формулата на бодирање во еден таков краен
случај би можела да се користи во случај тоа да биде крајна опција за
комплетирање на сезоната, иако за сево ова да се оствари потребни би биле
гласови на 14 клуба за тоа да биде вметнато во правилникот.
Како за
илустрација, „Скај Спортс“ заклучува дека во случај да се користи методата за
просек на освоени бодови, сосема логично Ливерпул би бил прогласен за шампион,
а Борнмут, Астон Вила и Норич би се преселиле во понизок ранг.