Проблеми за Реал, нема пристигнато ниту една понуда за Герет Бејл, се размислува за план Б

by
1 минути читање

Реал Мадрид и
Зинедин Зидан не сметаат на Герет Бејл за следната сезона, агентот на играчот
веќе е известен дека може да бара нова дестинација. Но „кралевите“ се соочуваат
со проблем, до сега нема пристигнато ниту една конкретна понуда.

Како што
пренесува Марка, нема официјален интерес за Велшанецот и покрај тоа што низ
медиумите често има шпекулации за неговата иднина.

Реал Мадрид се
надева дека неколку клубови од Премиерлигата ќе пројават интерес за Герет Бејл,
прва опција им е Манчестер јунајтед, но до овој момент никој не тропнал на
вратата на „кралевите“.

Марка посочува
дека клубовите кои можат да си го дозволат Герет Бејл (високата сума за
трансфер како и платата од околу 17 милиони евра годишно) се малку, ПСЖ и Баерн
Минхен се други опции, но ниту тие не се подготвени да ризикуваат со играч кој
наскоро ќе наполни 30 години а во минатото имаше и големи проблеми со
повредите.

Па Реал Мадрид е
подготвен за план Б и да му дозволи на фудбалерот да замине на позајмица со
опција за перманентен трансфер, како што тоа беше случајот со Хамес Родригез
пред две години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани