Проблеми за Реал Мадрид, Варан позитивен на тестирањето за ковид-19

by
1 минути читање

Рафаел Варан е
позитивен од последното тестирање за коронавирус, а поради ова францускиот
стопер нема да биде во можност да му помогне на Реал Мадрид вечерва во првиот
меч против Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Ова секако е
голем и тежок удар за Реал Мадрид и Зинедин Зидан, а дополнително отежнувачки
за „Кралевите“ е фактот што на располагање ќе го немаат ниту капитенот Серхио
Рамос кој не е во комбинација за настап поради повреда.

Опциите на Зидан
за пополнување на овие дупки се Начо и Милитао, меѓутоа проблемот е секако и
фактот што Варан нема да биде во можност да настапи и против Барселона во
големото шпанско дерби во сабота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани