Проблеми за Португалците, Кансело позитивен на тестирањето за ковид-19

by
0 минути читање

Десниот бек на
Португалија, како и член на Манчестер Сити, Жоао Кансело е позитивен на
последното тестирање за ковид-19, а тој ќе биде заменет со фудбалерот на Манчестер
јунајтед,
кој е на позајмица во Милан, Диого Далот за претстојниот меч со Унгарија.

Од куќата на
фудбалот во Португалија ја потврдија веста, а Далот беше доста успешен во
селекцијата за фудбалери до 21 година на Европското првенство за младинци каде
Португалија заврши на второто место откако во финалето загуби од Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×