Проблеми за Пиоли, еден ќе се врати, друг ќе се повреди

by
1 минути читање

„Газета дело Спорт“ соопшти дека Анте Ребиќ е новиот повреден фудбалер на Милан, тој им се приклучува на Тео Ернандез, Мајк Мањан и Брахим Диаз кои се исто така на листата на отсутни.

Тимуе Бакајоко би можел да се врати, додека Жуниор Месиас се уште е надвор поради мускулна повреда.

Оливие Жиру неодамна се врати во акција по проблемите со коронавирусот и повреда на грбот, додека Ибрахимовиќ е подобар но уште не е во состојба да биде стартер на меч.

Ребиќ играше кога двајцата искусни напаѓачи беа повредени, но сега кога тие се враќаат тој се повреди и нема да му биде на располагање на Пиоли.

Во стартниот тим за дуелот со Порто се очекува да бидат Раде Круниќ и Оливие Жиру, а Пиоли рече дека во комбинација може да биде и Даниел Малдини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани