Проблеми за Мурињо, Смолинг ќе паузира три седмици

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
италијанскиот прволигаш Рома, Крис Смолинг ќе паузира три седмици откако се
здоби со повреда на дуелот против Емполи на домашен терен, кој „Старата дама“
го доби со 2-0 изминатиот викенд.

Со тоа,
Англичанецот ќе ги пропушти натпреварите против Јувентус, Бодо/Глимт, како и
Наполи, а 31 годишниот стопер сезонава одигра само четири меча во Серија А,
откако ги пропушти првите четири кола поради повреда.

Смолинг е во
дресот на Рома од 2019 година откако успешно го помина „тестот“ по позајмицата,
по што со своите перформанси го убеди клубот од Рим да му исплати 15 милиони
евра на Манчестер јунајтед минатиот октомври. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани