372
Илкај Гундоган би
можел да го пропушти финалето од Лигата на шампионите утревечер против Челси,
откако фудбалерот на Манчестер Сити се здоби со повреда за време на денешниот
тренинг на „Граѓаните“.
Како што пишуваат
медиумите на Островот, до повредата дошло по дуел со Фернандињо, а барем засега
нема дополнителни информации околу сериозноста на повредата, меѓутоа Гундоган
беше приморан да го напушти предвреме тренингот.
30 годишниот фудбалер од средниот ред сезонава во Премиерлигата на 28 настапи успеа да запише 13 погодоци, но уште и 3 асистенции, па така во голема мера помогна за освојување на титулата во тоа првенство.