Проблеми има и во Мадрид: Заврши сезоната за двајца првотимци на Реал!

by Стефан
1 минути читање

Барселона до крајот на сезоната ќе биде без Ламин Јамал, но проблеми со повреди има и во редовите на Реал Мадрид.

Во ситуација кога Каталонците имаат предност од девет бода на шест кола пред крајот, ова можеби нема да биде пресудно за шампионската трка, но секако претставуваат сериозен хендикеп.

„Кралскиот клуб“ остана без услугите на Арда Ѓулер и Едер Милитао. Ѓулер има повреда на задната ложа на десната нога, додека Милитао се жали на проблем со левата, а двајцата се повредија на натпреварот против Алавес одигран во вторникот.

Според шпанска „Марка“, повредата на Милитао е „посериозна“ и неговиот настап на претстојното Светско првенство со Бразил е доведен во прашање.

„Случајот со Ѓулер е поинаков, неговото закрепнување се одвива во добра насока и се очекува да биде подготвен за Мундијалот. Тој е стандарден првотимец во турската репрезентација и никој не верува дека ќе го пропушти настапот“, наведува „Марка“.

Бразилскиот стопер поради честите повреди оваа сезона одигра само 21 натпревар за Реал Мадрид, додека 21-годишниот Ѓулер, кој настапува на крилната позиција, забележа вкупно 50 настапи и постигна шест голови во дресот на шпанскиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×