Проблем за Манчестер јунајтед? Ретклиф изгуби над 7.5 милијарди евра

by Стефан
1 минути читање

Еден од соптвениците на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, кој поседува 27% од акциите во клубот, се соочува со сериозни финансиски загуби во изминатите 12 месеци.

Како што објави реномираниот „Тајмс“, британскиот милијардер и сопственик на хемискиот гигант „Инеос“, од крајот на 2023 година наваму загубил неверојатни 7,63 милијарди евра. Оваа бројка претставува повеќе од четвртина од неговото вкупно богатство, што доведе до негов пад на листата на најбогати Британци од некогашното прво место пред седум години, сега е рангиран дури седми.

Ретклиф, кој од неодамна има и активна улога во управувањето со „црвените ѓаволи“, веќе презеде неколку економски мерки, намалување на трошоците, кратење на платите, па дури отстранување од платниот список на легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој последниве години имаше улога како почесен амбасадор на клубот.

Ретклиф претходно изјави дека бизнисот на „Инеос“ нема да има никаков негативен ефект врз функционирањето на клубот, нагласувајќи дека Јунајтед ќе продолжи да работи независно од финансиските предизвици на компанијата.

Фото: Manchester United/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани