Проблем за Конго, Трамп не им дава да влезат во САД без 21 ден изолација!

by riste
1 минути читање

Американските власти не сакаат да слушнат да ја пуштат селекцијата на Конго во нивната земја без фудбалерите да бидат во 21-дневен балон на изолација.

Причината е што во Конго има епидемија на ебола. Во САД се максимално претпазливи од евентуално внесување на вирусот во нивната земја.

„Им кажавме многу јасно дека мора да го зачуваат интегритетот на изолацијата ако сакаат да патуваат во Хјустон. Доколку го прекршат тој балон, ризикуваат да не им биде дозволен влез во САД“, изјавил извршниот директор на Работната група на Белата куќа за Светското првенство, Џулијани.

Сите репрезентативци на Конго настапуваат во странство, но американските власти не сакаат да преземат ни најмал ризик.

Претходно, овој месец Конго потврди дека во нивната земја има ретка форма на ебола позната како Бундибугио. Досега починале повеќе од 130 лица.

Во јуни Конго има закажано пријателски натпревари, против Данска во Лиеж на 3 јуни, како и против Чиле во Шпанија на 9 јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×