Пристигна потврда, Ерлинг Халанд се сели во Манчестер Сити!

by
1 минути читање

Ерлинг Халанд ќе
биде ново засилување за Пеп Гвардиола, попладнево пристигна официјална потврда
за зделката кој се најавуваше со денови.

Манчестер Сити и
Борусија Дортмунд со кратки соопштенија пренесоа дека паднал договор за преселба на Ерлинг Халанд на
„Етихад“ која ќе се реализира откако ќе се отвори трансфер пазарот на 1. јули. Детали не беа откриени, а медиумите шпекулираат со различни бројки.

Едни информации
велат дека Манчестер Сити ќе плати 60 милиони евра за услугите на Норвежанецот, додека пак други велат дека
сумата е 75 милиони евра плус бонуси.

Само неколку часа
пред официјалните соопштенија, Пеп Гвардиола се појави на прес конференција, а
кога доби прашање за Ерлинг Халанд, тој рече: „Ми забранија да зборувам се
додека зделката не биде комплетирана. Навистина ми е жал“.

Новинарите продолжија
да инсистираат а Шпанецот се правдаше: „Навистина сакам да зборувам, но не
смеам. Ми кажаа дека треба да молчам поради правни причини. Ќе има време кога
ќе зборуваме на оваа тема“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани