Пристигна официјална потврда, Инѕаги го менува Конте за три пати помала плата

by
1 минути читање

Интер започнува
нова ера со Симоне Инѕаги на кормилото. Стратегот утрово пристигна во Милан, доби
прошетка во тренинг центарот во Апиано Џентиле и се обврза на двегодишна
соработка со „нероаѕурите“.

„Интер сака да му
посака добредојде на Симоне Инѕаги, новиот тренер на првиот тим. Стратегот
стави потпис на двегодишен договор“
– гласеше известувањето.

Симоне Инѕаги ќе
има плата од околу 4 милиони евра, што е три пати помалку од она што го
добиваше Антонио Конте. Сепак, тој сигурно нема да жали многу, оваа сума е двојно
повеќе од она што му го нудеше Лацио за продолжување на верноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×